Оваа вистинска приказна, е дел од социјален експеримент за перцепцијата, вкусот и приоритетите на луѓето.Метро станица, студено јануарско утро во 2007 година.
Еден човек на виолина свири дело од Бах околу 45 минути.
Во тоа време, околу 5.000 луѓе поминуваат низ станицата.
3 минути откако тој почнал да свири, средовечен човек го забележал музичарот кој свири. Тој ги забавува чекорите и застанува на неколку секунди, а потоа веднаш заминува кон обврските.
4 минути подоцна:
Виолинистот го добива својот прв долар: жена фрла паричка во шапката и, без да застане, продолжува да оди.
6 минути подоцна:
Млад човек се наведнува над оградата за да го чуе, а потоа погледнува во часовникот и продолжува да оди.
10 минути подоцна:
Три годишно момче застанува, но мајката го отргнува брзајки. Детето повторно застанува за да го погледне виолинистот, но неговата мајка го повлекува и продолжуваат набрзина. Исто така и неколку други деца покажале интерес, но секој родител, без исклучок, го принудил детето да продолжи по патот.
45 минути подоцна:
Виолинистот свири постојано. Само 6 луѓе застанале и за кратко го слушале. Околу 20 луѓе, оставиле пари, во брзање без запирање. Човекот собрал вкупно 32 долари.
1 час подоцна :
Музичарот завршил со свирењето и настанало тишина, која исто така, никој не ја забележал. Никој не аплаудирал, никој не му дал било какво признание на виолинистот.
Вистината:
Никој не знаел дека виолинистот е Џошуа Бел, еден од најдобрите виолинисти на денешницата. Тој свирел едно од најтешките дела некогаш напишани, со виолина во вредност од 3.500.000 $. Само два дена пред овој настан Џошуа Бел имал распродаден концерт во Бостон, каде што просечен билет било 100 $. Ова е вистинска приказна.
Инкогнито свирката Џошуа Бел во метро станица била организирана од страна на Вашингтон Пост, како дел од социјалниот експеримент за перцепцијата, вкусот и приоритетите на луѓето.
Прашањето е: „ Дали во вообичаена животната средина, во незгодно време, воопшто не ја гледаме убавината? Го препознаваме ли талентот во неочекуван контекст? Колку снобови има меѓу нас кои одат на концерт и плаќаат скапи билети, но тоа истото не го препознаваат на улица? “Метро станица, студено јануарско утро во 2007 година.
Еден човек на виолина свири дело од Бах околу 45 минути.
Во тоа време, околу



