Здружението за заштита на авторски и музички права (ЗАМП) до електронските медиуми испрати известување дека доколку вечерва по полноќ продолжат да пуштаат македонска и музика од Балканот, кривично ќе бидат гонети.- Доколку бидат повлечени штетните одредби од Законот подготвени сме да ја укинеме забраната, а воедно и да продолжиме да ги штитиме правата на своите 5.766 штитеници, како и правата на авторските друштва од регионот СОКОЈ и ХДС ЗАМП и на 98 земји од светот со повеќе од пет милиони автори – велат од ЗАМП.
Министерката неколку пати јавно повтори дека измените на Законот се направени за добро на авторите и во насока на нивно почитување.
Проблемот се појавипри крајот на август годинава, кога Владата по скратена постапка го измени и дополни членот 137 од Законот за авторско право и сродни права, во корист на електронските медиуми.
На ова не се согласија авторите кои веќе неколку месеци се убедуваат со предлагачот Министерство за култура да се врати законот по старо. По неколку неуспешни состаноци, ЗАМП сепак одлучи да ја спроведе забраната.- Доколку бидат повлечени штетните одредби од Законот подготвени сме да ја укинеме забраната, а воедно и да продолжиме да ги штитиме правата на сво