По пресот на Заев, Дарко Алексов се активира и врши притисок врз ДИК!

Семејно гласање и непочитување на тајноста на гласањето, злоупотреба на постапката за гласање на избирачи кои не можат да гласаат сами, пропусти во објаснувањето на начинот на гласањето на избирачите, како и за избирачи кои не можеле да се пронајдат во Избирачкиот список, забележале  2.664 набљудувачи на граѓанската организација „Мост“ на денот на изборите за предвремените парламентарни избори.Во моментов тече рокот за поднесување приговори за гласањето и доколку бидат поднесени вакви приговори, „Мост“ апелира до ДИК нив  сериозно да ги разгледа и да одлучува конзистентно и во согласност со Изборниот законик и со меѓународните добри практики, имајќи предвид дека со оглед на многу малата разлика во освоените гласови на учесниците во изборите, нејзините одлуки можат да влијаат на конечните резултати и распределбата на мандатите во одредени изборни единици.
Интересно е што Дарко Алексов, кој стана милионер одработувајќи за СДСМ, упати стриктен апел до ДИК непосредно пред прес-конференцијата на СДСМ, на која Зоран Заев најави дека СДСМ ќе поднесе приговор за резултатите од ИЕ 6. Заев смета дека СДСМ е оштетен за еден мандат, а симптоматично е што и неговиот поддржувач, радикалниот исламист Бољал Касами од албанската партија Беса обвини дека ВМРО-ДПМНЕ со манипулации добила нивно место во Куманово во ИЕ 2. Очигледно е дека СДСМ и Беса работат по иста директива и целта им е да го ослабнат ВМРО-ДПМНЕ за два мандата за да го добијат мандатот за формирање влада.
„Мост“ и Алексов одработуваа за СДСМ и во предизборната кампања. „Мост“ им испраќаше заканувачки писма, потпишани лично од Алексов, на администратици, во кои навредливо им даваше насоки како да се однесуваат во предизборието.
Не е изненадување „Мост“ да се вклучи во предизборна кампања иако како невладина организација има надлежност само да ги набљудува изборите. „Мост“ и досега одработувал за СДСМ и се мешал во изборите или не предупредувал за изборни пречекорувања, но зачудува молкот на ДИК, која не смее да дозволи невладина организација да учествува во предизборната кампања.Во моментов тече рокот за поднесување приговори за гласањето и доколку бидат поднесени вакви приговори, „Мост“ апелира до ДИК нив 

Пронајдете не на следниве мрежи: