ПО СУДИРОТ СО СРПСКИОТ РЕЖИМ, ДИМЕ ПОЦЕВ ОДБИЛ ДА НОСИ И БУГАРСКА ПУШКА

Диме Поцев – Ико од Kавадарци бил истакнат спортист, соколар и гимнастичар и првин бил непријател за српската окупаторска власт во Македонија, а подоцна и за бугарската. Тој во почетокот на 1941 година, заедно со дваесетина младинци од Тиквешко, бил интерниран од српската власт, а подоцна, по бугарската окупација на Македонија, одбил да ја облече бугарската униформа и да служи во бугарската војска.Диме Поцев – Ико од Kавадарци бил истакнат спортист, соколар и гимнастичар и првин бил непријател за српската окупаторска власт во Македонија, а подоцна и за бугарската. Тој во почетокот на 1941 година, заедно со дваесетина младинци од Тиквешко, бил интерниран од српската власт, а подоцна, по бугарската окупација на Македонија, одбил да ја облече бугарската униформа и да служи во бугарската војска. Деновиве се навршија 101 година од раѓањето на Ико, кој бил врвен спортист, револуционер и активен учесник во НОВ и револуцијата 1941- 1945 година. – Тој е еден од значајните личности во поновата историја на Kавадарци и пошироко – вели историчарот Мики Kамчевски. Диме Поцев – Ико е роден во Kавадарци во 1915 година каде што завршил основно училиште и нижа гимназија, а потоа граѓанско училиште. Kако младинец активно се занимавал со спорт и бил еден од најдобрите гимнастичари во Македонија. Kако член на Соколското друштво во Kавадарци учествува на многубројни соколски слетови во земјата и странство. Бил еден од најдобрите гимнастичари во Македонија. Во 1932 година на гимнастичкото првенство во лесна атлетика на тогашна Вардарска бановина (Македонија и јужна Србија) го освоил првото место, а Васил Дубров, исто така од Kавадарци, бил втор. Во јануари 1941 година Диме Поцев, заедно со уште дваесетина кавадарчани, бил интерниран во логорот „Меѓуречје“ кај Ивањица и таму биле задржани три месеци. Ико учествувал во речиси сите акции што ги организира младината во Kавадарци, а во април 1941 година е еден од организаторите на штрајкот на монополските работници. Во јули по налог на KПЈ за Kавадарци бил испратен во Бошавијата со задача да агитира сред населението од овие села да ја поддржат борбата против фашистичкиот окупатор. На 28 септември 1941 година Ико бил еден од првите борци на првиот партизански одред, кој бил формиран во месноста Раштани, а притоа 25-те борци положиле и партизанска заклетва. Но, поради недобрата координираност, одредот не стапил во акција. – Во декември 1942 година добил покана да оди во бугарска војска, а тој одбил и отишол во илегала. Kако илегалец престојувал во неколку куќи во Kавадарци и во Неготино, во куќата на баба Ана Ташева. Пролетта 1943 година заедно со Димката Габерот, Никола Минчев, Блажо Тодоровски е меѓу првите што се одредени да бараат бази и логор за тиквешкиот партизански одред, а во мај истата година е меѓу првите борци на одредот „Добри Даскалов“. На 30 октомври 1943 година е формиран Вториот баталјон на Третата оперативна зона, а Диме Поцев бил поставен како командир на втората чета. Во јули 1944 година бил именуван за командант на Вториот баталјон на Втората македонска бригада, а во август истата година за заменик-командант на Втората бригада – раскажува Kамчевски, професор по историја во кавадаречката гимназија „Добри Даскалов“. По завршување на Втората светска војна, работел како раководител на обезбедувањето на владата на СР Македонија, а редовно ги придружувал сите македонски функционери за време на нивните патувања во странство. По неговиот престој во Индија, ненадејно се разболел и по кратко боледување починал во болница во Скопје.
Светлана Дарудова 
Преземено: ДНЕВНИКДиме Поцев – Ико од Kавадарци бил истакнат спортист, соколар и гимнастичар и првин бил непријател за српската окупаторска власт во Македонија, а по

Пронајдете не на следниве мрежи: