По тридневната потрага откриено: Нина три дена талкала по Србија и потрошила 300 евра

Нина Живковиќ (14) пронајдена  е по тридневна потрага  жива и здрава во Шабац, во домот на момче со кое се запознала преку Фејсбук.Нина на истражните органи им рекла  дека се одлучиула да избега од дома  поради несогласувањата кои ги имала со домашните. На прашањата каде била, одговорила дека патувала низ Србија и дека никој не и наштетил. Во скромниот дом во кој живее Нина со својата мајка и сестра, екипата на српскиот весник „Ало“  ја затекла и нивната роднина која допатувала од Зрењанин.
„Штом видов на вести, им се јавив на роднините и тргнав кај нив. Знаете тие немаат телевизор и дел од семејството не знаеше  дека Нина е пронајдена. Во овој момент најважно е тоа што таа е пронајдена жива. Семејството не сака  да зборува за деталите“, рекла таа.
Мајката на Нина најпрво не сакала да коментира ништо, но потоа се вратила  и им се заблагодарила на новинарите бидејќи до крај ја следеле прикзната  за исчезнувањето на нејзината ќерка и на тој начин помогнале таа  да биде пронајдена.
Инаку, кај Нина била пронајдена и поголема сума пари која ја понела со себе од дома, а за време на своето отсуство потрошила 300 евра од заштедата на својата мајка.Нина на истражните органи им рекла  дека се одлучиула да избега од дома  поради несогласувањата кои ги имала со домашните. На прашањата к

Пронајдете не на следниве мрежи: