По ураганот Метју, доаѓа Никол: Ако се судрат, ќе дојде до катастрофа

На брегот на американската држава Флорида би можело да се судрат двата урагани „Метју“ кој го опустоши Хаити и „Никол“, тропска бура која прерасна во ураган од прва категорија.Тропската бура Никол доби поголем интензитет и се трансформира во ураган, соопшти во четвртокот Центарот за информирање за урагани, прецизирајќи дека ќе го погоди брегот на Бермудските Острови.
Никол достигнува брзина од 130 километри на час и би можела уште да зајакне во следните 24 часа, но во овој стадиум се уште не е на ниво на кое се прогласува тревога.
Никол се наоѓа источно од разорниот ураган Метју, кој опустоши неколку земји на Карибите и се упати кон Флорида.
 
Како што јавуваат американскиот медиуми, прогнозите се дека Метју за кратко ќе ја погоди Флорида, но тоа не е најлошото што може да се случи.
По формирањето од тропска бура во ураган Никол на Атланскиот Океан, постои можност од приближување на две воздушни маси и создавање на таканаречен Фуџиварин ефект.
Првичните прогнози велат дека по ударот во Флорида, Метју би требало да тргне кон Атлантикот, а доколку дојде до контакт меѓу двата урагани ситуацијата ќе биде поинаква.
Фуџиварин ефект значи дека двата центри на ураганите кружат еден околу друг и ја намалуваат оддалеченоста меѓу подрачјето на низок воздушен притисок. Ако тоа се случи, би значело дека Метју повторно ќе се сврти и ќе тргне назад кон Флорида за нов удар.
Ураганот Метју на Хаити однесен 339 животи, а американскиот претседател Барак Обама прогласи вонредна состојба во три американски држави. Покрај во Флорида вонредна состојба е прогласена во Џорџија и Јужна Каролина.Тропската бура Никол доби поголем интензитет и се трансформира во ураган, соопшти во четвртокот Центарот за информирање за урагани, прецизирајќи де

Пронајдете не на следниве мрежи: