Живеам со дечко ми со кој сум во врска четири години. Планираме да се венчаме и да имаме деца. Сѐ е супер. Но, нешто не ми дава мир. Потклекнав на искушението.Дали поради животната рутина, предвидливиот пат по кој се движам, прифатив флерт од девојка која ја познавам две години. Не само што прифатив, туку и имав сексуален однос со неа. И тоа не е најлошто. Сега таа девојка ме прогонува, мисли дека имам чувства кон неа. Јас само испив премногу коктели таа вечер.
Никогаш не ме привлекуваа жени во сексуална смисла. Дури и кога ме галеше таа вечер чувствував непријатност, не ми годеше како со машко. Ѝ реков дека тоа ми е прв пат да се бакнувам со жена. Таа молчеше.
Ми рече дека по сексот втор пат ја изгубив невиноста, бидејќи во светот на хомосексуалците тоа така се дефинира. Сакаше да спиеме во ист кревет. Се облеков и истрчав на улица. Отидов дома и долго се туширав. Се раздени.
Го гледав дечко ми како спие, го погалив по косата и се чувствував грозно.Дали поради животната рутина, предвидливиот пат по кој се движам, прифатив флерт од девојка која ја познавам две години. Не само што прифатив, туку