Земјотресот со итензитет од 6,2 степени, според Рихтеровата скала, што синоќа во 1.31 часот, по локално време, ги погоди југоисточните острови во Егејското Море, предизвика создавање на цунами со висина од десет метри во морето покрај турскиот град Бодрум, покажуваат податоците на сеизмичката опсерваторија „Кандили“ при Универзитетот „Богазичи“ во Истанбул.Во Бодрум и Датча се повредени 90 лица, но никој не е во критична состојба.
Земјотресот предизвикал силна паника меѓу жителите, кои ја поминале ноќта надвор од своите домови.
Голем број на туристи си заминаа од регионот бидејќи стравуваат од нови земјотреси.
Сеизмолозите наведоа дека не се очекува поголемо цунами.
„Кандили“ посочи дека земјотресот, чиј епицентар беше на грчкиот остров Кос, бил на длабочина од 7,8 километри.
Земјотресот се почувствувал на целото егејско крајбрежје на Турција со должина од околу 90 километри.
Епицентарот, коментираат сеизмолозите, бил многу близу до површината и поради тоа се почувствувал многу силно.
Од синоќа досега се регистирани 95 вторични земјотреси.
Земјотресот најмногу го погоди Бодрум, каде сезонава е полно со туристи, вклучително и странци.
Во моментов на грчкиот остров Кос, каде беше епицентарот на земјотресот, има доста турски турсти.
Едниот од двете лица кои загинаа во земјотресот на грчкиот остров е Турчин, а другиот е шведски граѓанин.
Турција испрати ферибот на Кос за да ги пренесе во земјата лицата што се наоѓале на грчкиот остров. Анонимен турски извор наведе дека туристите масовно го напушаат Кос, каде има многу разурнувања. Во земјотресот на Кос беа повредени 150 лица.
Во Бодрум се урнал покривот на болницата, по што сите пациенти се евакуирани. Најмногу е погодено пристаништето на заливот Гумбет, близу Бодрум. Во регионот има прекин на дотокот на електрична енергија.
Сеизмолозите наведоа дека земјотресот предизвикал пукнатини на заливот Гокова.
Продолжуваат вторичните земјотреси, а како што се очекува, ќе траат уште околу еден месец.Во Бодрум и Датча се повредени 90 лица, но никој не е во критична состојба.
Земјотресот предизвикал силна паника меѓу жителите, кои ја поми