Побарајте помош ШТО ПОБРЗО: Овие проблеми со спиењето НЕ СМЕЕТЕ ДА ГИ ИГНОРИРАТЕ!

Доколку сте забележале некои од овие пет симптоми, веднаш обратете се на лекар!Мало пореметување во спиењето можете да го излечите само по една терапија, сигерираат британските истражувања. Меѓутоа, многумина од луѓето ги негираат своите проблеми со спиењето, мислејќи дека се во прашање неважни, безопасни , минливи проблеми, а во меѓувреме ова пореметување се претвора во сериозни неволји.
Токму поради тоа обрнете внимание на следните симптоми!
НЕ СПИЕТЕ ВО ТЕКОТ НА НОЌТА
Честото будење во текот на ноќта може да биде знак дека имате апнеја. Не е важно дали се будите на секои 5 минути или на секој час. Доколку ваквото спиење ве прави изморени и „прекршени“ следното утро, тогаш проблемот е очигледен и морате да посетите лекар.
СЕ БУДИТЕ ПОРАДИ КОШМАРИ
Доколку постојано имате кошмари, ова може исто така да биде индикатор на апнеја. Во текот на ноќта, се менуваат фазите на соновите. Во РЕМ фазата, која е позната и како помрднување на очите, мускулите, може да се доведете до колапс. Вашиот мозок го зема ова чувство на гушење и го вклучува во содржината на вашите соништа.

ИМАТЕ УТРИНСКИ ГЛАВОБОЛКИ
Утринската мигрена исто така може да биде показател на среден облик на апнеја, кој е познат како синдром на отпорност на патот на дишењето. Доколку не издишете и вдишете правилно, не добивате доволна доза на јаглендиоксид. И тогаш се будите со главоболка.
ШКРИПИТЕ СО ЗАБИТЕ
Доколку навечер шкрипите со забите, тоа веројатно значи дека вашиот стрес ве спречува ноќе да спиете. Иако можеби не сте свесни за тоа, вие во текот на овој процес секако сте свесни. Ова се случува во текот на кратки будни периоди во текот на ноќта. Доколку нешто ве мачи, вие се будите несвесно и несвесно ја стегате вилицата и шкрипите со забите.
ПРАВИТЕ РАБОТИ НА КОИ ПОДОЦНА НЕ СЕ СЕЌАВАТЕ
Дали наутро ви раскажуваат работи кои сте ги правеле во текот на сонот а вие воопшто не се сеќавате на нив? Доколку не сте пиеле алкохол претходната вечер, тогаш  е можно да се работи за пореметувањето- парасомнија, кое опфаќа ненормални работи кои ги правите додека спиете. Во ова пореметување спаѓа и одење во сон т.е месечарење или секс во текот на сонот.Мало пореметување во спиењето можете да го излечите само по една терапија, сигерираат британските истражувања. Меѓутоа, многумина од луѓето ги неги

Пронајдете не на следниве мрежи: