Побарал да му донираат пари за да ја следи девојката на одмор во Мајами!

Љубоморниот Азел Пратер Јуниор (25) од Мериленд, се загрижил откако открил дека неговата девока со пријателките уплатиле за одмор и покренал кампања за собирање средства на страницата GoFundMe за да може да ја следи во Мајами.Тој стравувал дека таа би можела да го изневери.
„Оној кој и малку го познава Мајами, знае дека таму таа не би смеела да оди без друштво. Морам да одам со неа за да споделиме заеднички моменти, но немам ништо заштедено. Доживеавме многу заеднички моменти и би ми било криво ако видам сето тоа да пропадне поради малку сонце и песок. Ако дури и малку ме разбирате како се чувствувам, тогаш ќе ми помогнете да си ја спасам врската“, напишал Пратер на страницата, пренесе Daily Mail.
Упорноста му се исплатела и за нешто помалку од шест дена собрал 300 долари кои му биле потребни за авионска карта.
Судејќи според неговите објави на Инстаграм, тој успеал да отиде на одмор.
Тој стравувал дека таа би можела да го изневери.
„Оној кој и малку го познава Мајами, знае дека таму таа не би смеела да оди без друш

Пронајдете не на следниве мрежи: