Побарал работа преку оглас на билборд и ја добил

Оваа необична приказна на еден Британец се прошири низ целиот свет.Станува збоор за Британецот Адам Пачити кој на почетокот на годинава ги потрошил последните 500 фунти за билборд с порака дека бара работа.
По неколку месеци тој успеа токму со овој оглас да добие понуда за работа.
На почетокот тој паднал во очај откако не ја добил посакуваната работа во медиумска продукција. Тој бил одбиен многу пати на конкурсите за работа и тогаш решил да се обиде со поинаков пристап. Ги потрошил последните 500 фунти за билборд во Лондон, кој гласи: „Ги потрошив последните  500 фунти за овој билборд. Ве молам, дајте ми работа“.
Покрај тоа, Адам снимил и видео, кое е како биографија. Тој е свесен за неговите маани, но, и за предностите па се пошегувл на оваа тема. Исто така. покажал што може да понуди, а неговиот ризичен потег вроди плод и Адам за неколку месеци добил околу 250 понуди за работа.
„На крајот имав 60 многу солидни понуди за работа од маркетинг до продукциски компании”, изјави Адам.
Тој се одлучил да ја прифати работата во агенцијата „KEO Digital“.Станува збоор за Британецот Адам Пачити кој на почетокот на годинава ги потрошил последните 500 фунти за билборд с порака дека бара работа.

Пронајдете не на следниве мрежи: