Победа на Република Македонија

Многу помина, малку остана. Издржавме и не потклекнавме. Смирено, достоинствено, и гордостоевме и ќе стоиме на браникот на татковината, во одбрана на Македонската држава, и на се што е Македонско. Многу манипулации слушнавме, многу неправди видовме, многу сценарија преживеавме, многу продадени души сретнавме, многу странски сценаристи осуетивме, многу домашни платеници откривме, многу туѓи „филмови“ изгледавме, многу странски правни формации насадивме. Многу лекции научивме, многу поуки извлековме, многу божемни пријатели испративме, многу нови, вистински дочекавме. Се видовме, се слушнавме.Многу памет и корисни работи не видовме ама затоа злоба, омраза, лошотилак колку душа ти сака. Местенки, кодошлаци, лажни патриоти, странски супозитории, предавници…се на куп, се на едно место…после се што видовме, после се што доживеавме и преживеавме изборот е еден, изборот е јасен, изборот е чист како солза. Изборот е патриотски, изборот е Република Македонија.
Од една страна, имаме коалиција на партии предводена од ВМРО-ДПМНЕ што гради и надградува, што создава и работи за доброто на сите, што реализира и остварува повеќе од кој било друг политички субјект до сега, што креира нови работни места, отвора нови фабрики и производствени капацитети, што создава добра и услуги за сите граѓани, што нуди подобар стандард и подобар живот за сите, што отвора можности за сите, што не ги дели граѓаните според нивната етничка или друг вид припадност, затоа што нивната водечка политичка филозофија е сеграѓанска, сеопфатна, сенародна.
Политичката филозофија на делување на ВМРО-ДПМНЕ е граѓанска и национална. За оваа партија нема ексклузивни етнички заедници, нема дискриминација по која било основа, нема привилегирани и непривилегирани граѓани. Се додека стоиме под истото сонце, се додека ја почитуваме Македонската химна, држава, институции на системот, ние сме и остануваме еднакви.
Од другата страна, е коалицијата на партии предводена од СДСМ која не се грижи на еднаков начин за сите граѓани на Република Македонија. Оваа коалиција гради ексклузивна политика за една етничка заедница, Албанската, а дискриминаторска за сите останати заедници во државата. Оваа коалиција не зборува за вистинска граѓанска еднаквост, не зборува за еднакви можности на сите граѓани, туку за еднаквост на едни и поголема еднаквост на други во државата. Зборува за правото на употреба на албанскиот јазик на целата територија на државата, за правото на секој еден Албанец во земјата да може службено да го користи својот мајчин јазик насекаде во земјата, а заборава, и намерно го негира правото на секој Турчин, на секој Бошњак, на секој Ром, на секој Србин, исто така, да го употребува својот мајчин јазик насекаде во земјата.
Политичката понуда на СДСМ заборави на Македонците и на другите етнички заедници во земјата. Заборави на Македонците затоа што продолжува со започнатата политика на принудна асимилација на Македонците од западните делови на земјата и ветува политика на кантонизација која треба да го убие Македонецот во сопствената држава. Оваа луда политичка гарнитура на СДСМ зборува и ветува менување на Уставот, кантонизација на државата, ветува се и сешто спротивно на интересите на Македонците, но и на другите етнички заедници.
СДСМ стана проалбанска партија на штета на сите други. СДСМ внесе најголема дискриминација на граѓаните од осамостојувањето на земјата до денес. Дискриминаторската позиција содржана во политичката понуда на СДСМ ја опишува целата изопаченост, неискреност, злоба, недемократичност, и политичко профитерство на неколкумина од раководната структура на оваа партија. Се гледа колку на овие лица навистина им значи вистинската еднаквост на сите граѓани. Овие луѓе, всушност, покажаа на дело колку не им значат ништо граѓаните на Република Македонија, и колку се подготвени да продадат се во државата, да не продадат сите нас топтан само и само да дојдат до политичките фотелји.
Овие политичари драги мои сограѓани се класични политички профитери. Нив ништо не ги боли за нас, тие немаат ниту едно позитивно чувство за Република Македонија. Нивната единствена цел е преку манипулации и политички игри на штета на сите нас да се насадат на политичките фотелји за да си ја смират сопствената страст за власт, своите болни амбиции за политички функции, своите ненаситни апетити да владеат со нас. Овие болни политички умови не мислат ни малку за нашите вистински потреби, за нашите вистински животи. Тие си го гледаат само својот интерес, својот џеб, и ништо повеќе од тоа. Затоа се нафатија да бидат извршители на странски сценарија, да бидат странски маши и класични измеќари кои се поставени со задача да ги сработат најгнасите работи на терен, спротивно на националните интереси на своите сограѓани. За нивната цел да дојдат до власта оправдување бараат во користење на сите расположливи средства. Ништо не им е свето, ништо не им е важно на овие политички измамници. Колку се болни во умот говори и фактот што тие веруваат дека ако ја продадат националната душа на Република Македонија, тие ќе бидат оставени да владеат со државата. Толку се кратковиди и заслепени што не можат ниту разумно да расудуваат, ниту разумно да постапуваат. Па ниту еден странски сценарист нема да ве остави вие да бидете главни во држава што нема да постои, во земја што нема да ја има, празни и злобни глави. Ниту еден надворешен сценарист нема да ве остави вас, Заев и Шеќеринска да владеете со земјата. Зарем уште не разбирате дека сте само обични марионети кои треба да ја завршите дадената задача, и откако ќе ја завршите (што никогаш нема да се случи!) ќе бидете шутнати на буниште (што ќе се случи!). Ниту еден нормален човек не почитува и не соработува на подолг рок со предавници како вас. Не случајно народот рекол еднаш предавник цел живот предавник. Ако еднаш си ја продадеш кожата на Ѓаволот, Ѓаволот ќе биде цел живот со тебе и во тебе. А луѓе со Ѓавол во себе никој не сака. Таквите луѓе се предодредени на живот во самотија.
Токму затоа драги мои сограѓани овие избори сенајважните избори во историјата на Република Македонија. На нив македонските граѓани нема само да гласаат за својата политичка опција. На нив македонските граѓани ќе гласаат за животот на Република Македонија како самостојна, независна, унитарна, и демократска држава.
Другата опција не е опција. Во другата опција имаме избор на нееднаквост, политичка понуда стокмена и изрежирана од странци, екслузивност на само една етничка заедница, кантонизирана и поделена држава, смрт за Република Македонија.
Изборот на 11 декември е еден. Изборот е ВМРО-ДПМНЕ и победничката коалиција која обезбедува, која работи, која создава услови за уштепостабилна економија во државата, за уште поцврста, граѓански пообединета и правно посилнаРепублика Македонија. Токму затоа секој глас даден за бројот еден на гласачкото ливче, за првата и единствена политичка опција која ги штити националните интереси на сите граѓани, на сите етнички заедници е глас даден за нашата иднина, за заедничката сигурност и заедничкиот просперитет.
Тоа е глас даден за ПОБЕДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
Да го направиме 11 декември нов државен празник на Република Македонија.
Денот на победата на македонските граѓани, денот кога ќе се слави победата на демократијата, на државноста и на единството во земјата.
 
Пишува: Тања Каракамишева-ЈовановскаМногу памет и корисни работи не видовме ама затоа злоба, омраза, лошотилак колку душа ти сака. Местенки, кодошлаци, лажни патриоти, странски супози

Пронајдете не на следниве мрежи: