Пред да земете лекови обидете се со други решенија.Еве некои природни лекови:
1.Со пенкало против главоболка
Можеби ви се чини бизарно но има добро објаснување. Ставете го меѓу заби, но немојте да загризувате. Објаснување: Кога сте под стрес, инстинктивно ги стискате забите. Тоа ги оптеретува мускулите кои ја поврзуваат вилицата и слепоочниците и може да предизвика главоболка. Но кога ќе го ставите пенкалото во уста автоматски тој мускул се опушта.
2. Со музика против висок крвен притисок
Италијанските научници тврдат дека 30 минутна вистинска музика може да помогне во намалување на крвниот притисок. Лековите за хипертензија дополнително го намалуваат притисокот ако пациентот слуша музика.
3. Течноста за испирање на устата против плускавци
Содржат антисептик кој делува против плускавците. Нанесете го средството на плускавецот 3 пати на ден.
4.Маслинки и лимон против морска болест
Оваа болест односно мачнината и повраќањето може да го намалите со маслинки или пак доколку немате може да употребите лимон.
5.Со шекер против икање
Една лажичка шекер е доволна.
6. Гума за џвакање за подобро возење
Пеперминтот го намалува заморот. Но, и влијае на возењето. Ако не сакате гуми за џвакање можете да купите и освежувач за воздух од пеперминт и да го ставите во автомобилот.
7. Тениско топче против болни стапала
За едноставна, бесплатна масажа, која ги истегнува и смирува стапалата, потребно е само неколку минути да си играте со стапалата со тениско топче.
А ако сакате да го намалите пулсирањето на стапалата наместо топче земете шише ладна вода.
8. Растително масло за кршливи нокти
Дерматолозите го препорачуваат, намачкајте ги ноктите пред да одите во кревет.
9.Сода бикарбона за инфекции на уринарниот тракт
Чим ги почувствувате првите симптоми испијте 1/4 чајно лажиче дода помешано со 0.,25 л вода. Еве некои природни лекови:
1.Со пенкало против главоболка
Можеби ви се чини бизарно но има добро објаснување



