Победете го првутот со овие четири природни рецепти!

Првутот е проблем со кои многумина се соочуваат. Меѓутоа, постојат лекови кои ја спречуваат појавата на првут и кои можат да го решат овој проблем.Ви ги претставуваме природните лекови против првут кои се едноставни и ефикасни, а притоа и доста поефтини од шампоните. Освен што се многу ефтини и здрави, овие домашни препарати ќе ви ја хидрираат и ќе ви направат косата мека и сјајна.
СОК ОД ЛИМОН
Сокот од лимот е еден од најдобрите природни лекови за првут. Едноставно исцедите еден лимон и измешајте го со вода, а потоа измасирајте го скалпот на косата со лимоновата кора пред да го измиете со растворот од лимоновиот сок.
ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ
Измешајте 60 мл јаболков оцет со 60 мл вода и истурете во спреј шише. Испркајте ја својата коса, а особено коренот и внимавајте на очите.Потоа замотајте ја косата со пешкир и измијте ја нормално по час време.
СОДА БИКАРБОНА
Ставајте сода бикарбона додека се бањате на вашата коса. Правете го тоа околу седум дена наместо миење на косата со шампон и вашата коса ќе започне да го произведува своето природно масло. Доколку косата ви стане премногу сува, намалете ја количината на сода бикарбона.
МАСЛИНОВО МАСЛО
Маслиновото масло е одлично за многу работи и е одличен алат за хидратација и чистење. Загрејте малку маслиново масло во микровална и нанесете со кружни движења во коренот на косата. По час време измијте со шампон.Ви ги претставуваме природните лекови против првут кои се едноставни и ефикасни, а притоа и доста поефтини од шампоните. Освен што се многу ефтини

Пронајдете не на следниве мрежи: