„Ме злоставуваа и ме тепаа скоро секој ден. Не ми даваа храна. Кога ги молев за милост, ми се закануваа дека жива ќе ме закопаат во шума“, вели ученичка од Нигерија.Таа е една од ретките девојчиња која успеала сама да се извлече од канџите на Боко Харам. Повеќето обиди за бекство завршиле токму како што опишале киднаперите – со фрлање на телото во импровизирани гробови.
Од скоро 300 ученички кои во април месец минатата година биле киднапирани во Нигерија, само 50 се вратиле во своите домови.
Судбината на останатите е непозната, но судејќи по сведоштвата на нивните врснички, починале во најлоши маки или се претворени во сопруги на исламисти. Медиуните кои објавија потресни исповеди на Нигеријките не сакале да ги откријат нивните имиња.
„Еден од киднаперите ми соопшти дека ќе морам да се омажам за него. Реков дека имам само 17 години и дека сум премногу млада. Тој покажа на неговата пет годишна ќерка и ми одговори дека била омажена монатата година, а брачните должности ќе почне да ги извршува кога ќе влезе во пубертет“, рекла тинејџерката.
Знаејќи низ каков пекол поминале заложниците од Нигерија, родителите на 50-те деца кои во неделата биле киднапирани во Камерун стравуваат дека и тие ќе ја доживеат истата судбина.
„Исламистите запалија 80 куќи и одведоа десетина девојчиња на возраст од 10 до 15 години. Никој не знае што е со нив“, изјавил Иса Чирома Бакари, камерунскиот министер за информации.
Според информациите кои вчера ги пренеле британските медиуми, 20-ина заложници во меѓувреме се ослободени. Војската на камерон ги пресретнала припадниците на Боко Харам додека се враќале во Нигерија.
Засилено е присуството на одбрамбени трупи на границата на Камерун. Пограничното село Амчиде, на само неколку километри од нигериската територија, потполно е напуштено.
„Овде сме да ги спречиме нападите на Боко Харам, но тоа е тешко. Тие не набљудуваат и се обидуваат да ги предвидат нашите реакции. Насекаде се, како духови“, вели командантот на војската на Камерункој од страв не сака да го открие своето име. Децата кои ќе успеат да преживеат по ослободувањето обично немаат кому да се обратат.
„Кога се вратив во селото, моите родители повеќе ги немаше. Некои велат дека ги убиле“, вели едно девојче, кое е сместено во прифатилиште за незгриженио деца.
Во Нигерија се случуваат злосторства против човештвото
Советот на безбедноста на ОН најостро го осуди нападот кој го врши екстремистичката организација Боко Харам и изразил голема загриженост дека тоа го загрозува мирот и стабилноста во централана Африка.
Советот на безбедноста на ОН упатил барање до Боко Харам веднаш да престане со сите непријателски дејствија и да се демобилизира, како и веднаш да ги ослободи сите заложници, вклучувајќи и 276 ученички кои оваа организација во април минатата година ги грабна од едно училиште.
Некои постапки на Боко Харам „би можеле да бидат во категорија на злосторства против човештвото“, укажал Советот за безбедност на УН.Таа е една од ретките девојчиња која успеала сама да се извлече од канџите на Боко Харам. Повеќето обиди за бекство завршиле токму како што опишале



