ПОЧЕТОКОТ НА БРАТОУБИСТВЕНАТА ВОЈНА

 Истиот принцип би требало да важи како за бугарската официјална историја и политика, така и за бугарашите воопшто, сеедно каде живеат и сеедно од кои причини се чувстуваат Бугари. Бугарашите, заедно со бугарската историја и политика, тврдат дека Македонците не се друго освен Бугари, односно дека Бугарите и Македонците се ист/един народ. Кажано сликовито, тоа би му дошло како едно тело со две глави, или две тела со една глава. Ако се прифати ова тврдење, тогаш консеквентно следи дека на 11-ти октомври 1941, кога македонскиот народ се крена на востание против бугарската окупација, започнала, ни повеќе ни помалку, туку братоубиствена војна меѓу Бугарите, бидејќи едни „Бугари“/Македонци се кренале против други Бугари. Така е според логиката. Додуша, некој може да оди наспроти логиката. Но, во тој случај, тој оди и наспроти сопствената човечност, бидејќи единствено човекот умее логички да мисли и свесно да ги предвидува импликациите од она што го тврди. Меѓутоа бугарашите, во хор со бугарската историја и политика, воопшто не водат сметка за овој факт. Токму затоа, запаѓаат во трагикомични ситуации, недостојни за било кое човечко суштество, преобразувајќи се во смешни фигурини. Правејќи (самите од себе) смешни суштества, само ја потврдуваат старата вистина дека она што некој може да си го направи, никој друг не може да му го направи. Бугарските националисти мора ова да го разберат еднаш засекогаш – не за македонско, туку за сопствено добро. Наедно, токму тие, а не некој друг, ги заладуваат односите помеѓу двете држави и помеѓу двата различни народи, пишува во својот facebook статус Љубомир Цуцуловски.
  Истиот принцип би требало да важи како за бугарската официјална историја и политика, така и за бугарашите воопшто, сеедно каде живеат и сееднКога нешто се тврди не е значајно само тоа што се тврди, туку ништо помалку не е значајно и што тврдење имплицира, односно какви логички консеквенции повлекува со себе.

Пронајдете не на следниве мрежи: