Актерот кој светската слава ја стекна со ликот на Лоренс од Арабија во истоимениот филм, почина вчера на 81-годишна возраст во Лондон.Актерот Питер О Тул, кој светската слава ја стекна со ликот на Лоренс од Арабија во истоимениот филм, почина вчера во болница во Лондон, на 81-годишна возраст. Беше номиниран за наградата „Оскар“ дури осум пати.
Во 70-тите години тој успеа да се справи со ракот. Неговиот агент Стив Кенис соопшти дека О Тул починал во болницата Велингтон, по долга и мачна болест.
Во јули минатата година Питер рече дека се повлекува од арената што го направи неговото име легендарно уште од 1962 година, со „Лоренс од Арабија“.
– Време е да се откажам. Да се пензионирам од филмовите и од сцената. Љубовта кон нив ме напушти: нема да се врати. Мојот професионален актерски живот, и на сцената и на екранот, ми донесе јавна поддршка, емоционална исполнетост и материјална удобност. Ме спои со добри луѓе, добри придружници, со кои ја делев неизбежната судбина на сите глумци: неуспесите и успесите – рече Питер.
Актерот Питер О Тул, кој светската слава ја стекна со ликот на Лоренс од Арабија во истоимениот филм, почина вчера во болница во Лондон, на 81-годи