Бабата Марија Златиќ (86) од село близу Бољевац, која по смртта на сопругот наследи еден милион австралиски долари, почина во беда во трошната куќичка од кал.Луѓето што ја чувале и со кои имала потпишано договор за доживотна издршка, го пронашле нејзиното тело на кревет.
Наследниците на нејзиното богатство ѝ биле лути што својата животна приказна ја споделила со медиумите.
-Таму каде што наскоро ќе одам, парите не ми требаат, затоа ги подарив. Парите ги дадов на луѓето што ме чуваат. Ним тие пари им се попотребни, а јас и така не знам колку е тоа. Мене ми се доста моите осум илјади динари, колку што е мојата земјоделска пензија – рекла бабата милионерка, на почетокот на годинава.
Проблемите почнале кога се дознало дека наследила 940.000 австралиски долари.
-Откако го доби наследството, се појавија многубројни други наследници, кои тврдеа дека се сопственици на тестаментот на нејзиниот сопруг Момчило – рекле соседите.
Луѓето што ја чувале баба Марија во меѓувреме подигнале поголем дел од парите. Само на Марија парите не ѝ биле важни.
Баба Марија е погребана вчера.Луѓето што ја чувале и со кои имала потпишано договор за доживотна издршка, го пронашле нејзиното тело на кревет.
Наследниците на нејзиното