Почина еден од главните српски масони Бранко Медојевиќ. Големата национална ложа на Србија остана без својот прв човек, големиот мајстор, професорот Бранко Медојевиќ.
Медојевиќ кој беше декан и редовен професор на Економскиот факултет во Белград, почина во вторник на своја 63 годишна возраст.
Еден од професорите на Економскиот факултет изјави дека таму не знаеле дека Медојевиќ припаѓа на редот на масоните, никогаш не зборувал за тоа. Биле изненадени од последниот поздрав објавен во весниците.
Поранешниот премиер пак, не сакаше да зборува за тоа дали Медојевиќ бил масон или не, само изјави:
– Не коментирам за ничии лични преференции.
Еден од приврзаниците на големата национална ложа на Србија вели дека масоните не се кријат.
– Вистинскиот масон, ако го прашате за членството, никогаш нема да негира. Всушност, ние ги носиме нашите ознаки.
Медојевиќ бил прв човек на Големата национална ложа на Србија.
Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за масонеријата во Македонија прочитејте на следниот ЛИНК.Почина еден од главните српски масони Бранко Медојевиќ. Големата национална ложа на Србија остана без својот прв човек