Анестезиологот З.Ј. од Гевгелија кој беше осомничен за смртта на родилката од Дојран Маја Кадиева и нејзиното бебе починал. Ова значи дека постапката за неговото судење се запира и продолжува на вториот анестезиолог. Неофицијално, причина за смртта на лекарот е мозочен удар.По добивањето на информацијата дека во тек на закажан оперативен зафат за породување дошло до смрт на родилка и на новороденчето, Основното јавно обвинителство Велес започна предистражна постапка.
По анализа на крв на лицата кои го сочинувале тимот што го вршел зафатот, поради добиеното сознание дека двајцата лекари анестезиолози биле во алкохолизирана состојба, тие беа суспендирани од работа а подоцна Лекарска Комора времено им ги одзеде лиценците за работа.
Кај лекарите гинеколози не било констатирано присуство на алкохол во крвта.