четврток, 12 ноември 2026
Најново

Почина еден од најпознатите готвачи на светот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Еден од најпознатите готвачи на светот , сопственик на ланец на ресторани, ТВ ѕвезда и автор на бројни кулинарски книги, Антонио Карлучио почина на 80 години.Карлучио е од Италија во Лондон се преселил 1991 година и во Велика Британија изградил кариера како најголема ѕвезда во светот на гастрономијата.
„Кумот на тестенините“, како што го нарекуваа британските медиуми, беше сопственик на ланцеот ресторани „Carluccio's”, автор на 19 книги за гастрономија, но и ТВ ѕвезда во шоуто „”Two Greedy Italians” до Џенар Кондалдом која се емитуваше на ББЦ.
Карлучио во Велика Британија имаше статус на ѕвезда, а исклучително бил почитуван од кралското семејство.
Неговите рецепти за тестенини ги интересираа сите гурмани на светот, и често нагласуваше дека храната е неговиот живот. Ја обожувал својата работа, а неговите јадења ги обожавале сите оние кои имале чест нешто да им зготви. Во еден од неговите ресторани занаетот го научи и „голиот готвач“, Џејми Оливер.Карлучио е од Италија во Лондон се преселил 1991 година и во Велика Британија изградил кариера како најголема ѕвезда во светот на гастрономијата.

Поврзани вести