Лепша Пиперковска, основоположникот на македонската пијанистичка педагогија, почина денеска во својата 83-та година.Посмртните останки на Пиперковска ќе бидат изложени утре во капелата на Градските гробишта Бутел, а погребот ќе биде во 13 часот.
Во рамките на страницата на Архивот Бужаровски (https://buzar.mk) денеска, по повод на смртта на Пиперковска, поставена е и радио емисијата која Трена Јорданоска ја сними со неа на 2 ноември 2006 година.
Лепша Пиперковска е родена на 1 ноември 1932 година, во Скопје. Првиот јавен настап на пијано го има на осумгодишна возраст. Како Лепша Бојаџиева завршила Средната музичка школа во Скопје во класата по пијано на Нада Органџиева. Во 1951 година станува дел од генерацијата македонски музичари кои своето академско образование го стекнуваат во еден од главните музички центри на тогашната југословенска музичка култура – Музичката академија во Загреб во класата на проф. Надежда Матовиновиќ.
Во 1954 година започнува да предава пијано во Нижата и Средната музичка школа во Скопје. Истовремено таа станува корепетитор на останатите класи, а продолжува и со својата изведувачка дејност.
Во 1956 година Лепша Бојаџиева стапува во брак со познатиот доктор гинеколог Христо Пиперковски. Во овој период таа ги завршува и двегодишните студии за наставници за општо музичко образование на Вишата педагошка школа во Скопје, а во 1959 година ќе биде назначена за хонорарен предавач по пијано на Вишата педагошка школа во Скопје.
Во 1965 година дипломира и на Музичката академија во Белград во класата по пијано на проф. Станка Врињанин.
Истакнатите педагошки резултати придонесуваат Лепша Пиперковска да биде избрана за наставник по пијано во првиот наставнички колегиум на новоформираната Висока музичка школа во Скопје во 1966 година која подоцна (1978/1979 година) e преименувана во Факултет за музичка уметност, каде ќе работи се до пензионирањето.
Во 1975 година заедно со професорката по пијано Наталија Конева го издаваат првиот македонски учебник од областа на пијанистичката педагогија Школа за пијано за студентите на Вишата педагошка школа.
Лепша Пиперковска е автор на осум учебници за наставата по пијано наменети за основното музичко училиште, средното музичко образование по предметот пијано-облигат и предметот пијано на Педагошкиот факултет во Скопје. Таа воедно е автор на повеќе стручни трудови од областа на пијанистичката педагогија, теорија и практика.
Факултетот за музичка уметност од Скопје на 22 февруари со почеток во 11 часот ќе одржи комеморативна седница за Пиперковска во Концертната сала на Факултетот.Посмртните останки на Пиперковска ќе бидат изложени утре во капелата на Градските гробишта Бутел, а погребот ќе биде во 13 часот.
Во рамкит