Почина Мухамед Али, најдобриот боксер на сите времиња

Али почина вчеравечер на 74-годишна возраст, по 32-годишна битка со Паркинсоновата болест.Поранешниот шампион во тешка категорија и најпознат спортист, почина во болница во Аризона, откако беше итно примен во четвртокот.
Али боледуваше од Паркинсонова болест, а почина од компликации настанати од респираторна болест.

Тој се роди како Касиус Марселиус Клеј, а подоцна го смени името и се преобрати во исламската вера. Познат е како жесток борец против расизмот во САД, и како шоумен кој премина преку сите граници на расата и религијата. Откако одби да се бори во војната во Виетнам, беше осуден на затворска казна. Му беше забрането да се бори и да ја напушти државата, и во тие четири години се посвети на активизмот.
„Лебдам како пеперутка, бодам како пчела“

Во 1960 год. го доби златниот медал на Олимпијадата.
Али во 1964 год. го победи Сони Листон и ја доби првата од трите титули на број еден во тешка категорија. Тогаш ја даде историската изјава: „Јас сум најдобриот! Јас сум крал на светот.“

Се здоби со прекарот „Најдобриот“. Победи во 56 од 61 битка пред да се пензионира во 1981 год. Во кариерата нокаутираше 37 пати.
На прашањето како сака да го памтат, тој одговара: „Како човек кој никогаш не ги продал своите луѓе. Но, ако тоа е премногу, тогаш може и да ме памтат како добар боксер. Нема да се бунам ни ако спомнете колку бев убав“.
Али успешно ја одбрани титулата 6 пати, во кои беше вклучен и реванш против Листон.
Во 1974 год. го победи тогашниот шампион Фрејзер, а наредната година го победи и Џорџ Форман. Успешно ја бранеше титулата се до 1978 кога беше победен од младиот Леон Спинкс, а потоа веднаш повторно си ја зема титулата и се пензионираше во 1979, на 37 години.
Во 1996 год. го запали Олимпискиот факел во Атланта, а во 2012 го носеше Олимпиското знаме на церемонијата во Лондон.
Али е татко на девет деца, од четири бракови.
Во последните години веќе речиси и не можеше да зборува. Во 2009 год., на прашањето која е неговата животна филозофија, неговата сопруга ги прочита неговите зборови:
„Никогаш не ја сметав опцијата неуспех, само успехот и славата што ќе ги добијам кога ќе победам“, напиша Али. „Можев да ја видам. Можев да ја почувствувам. Кога изјавив дека сум најдобар на сите времиња, верував во себе, и се уште верувам“.Поранешниот шампион во тешка категорија и најпознат спортист, почина во болница во Аризона, откако беше итно примен во четвртокот.
Али боле

Пронајдете не на следниве мрежи: