Почина најстарата жена на светот. Откриено е што ја одржувало 127 години во живот!

Мексиканката Леандра Бесера, за која се сметало дека е најстариот човек на светот, почина во 127-та година од животот, соопштија мексиканските власти.Леандра е родена на 31 август 1887 година, во северозападната мексиканска држава Тамаулипас, а починала во четвртокот во својот дом во Сапопан.
Според АФП, старицата била на листата на најстари луѓе на светот, бидејќи пред многу години ја загубила крштеницата. Сѐ уште не е прецизирана причината за смртта.
Внукот на Леандра, 70-годишниот Самјуел Алвеар, рече дека неовата баба едноставно престанала да дише и додал дека пред неколку месеци имала проблеми со белите дробови.
Алвеар раскажал дека неговата баба често знаела да го развесели со приказните за Мексиканската револуција (1910-1920), за чие времетраење им правела тортиљи на војниците.
„Таа го запозна и Панчо Виља (познат водач на Мексиканската револуција)“, рече тој.
Леандра ги надживеала своите пет деца, а до 2011 година имала 161 потомци.
Кога на прославата на 127-от роденден ја прашале за тајната на долговечноста, старицата одговорила дека таа се состои од три нешта – здрава исхрана, долго спиење и фактот дека никогаш не се омажила.Леандра е родена на 31 август 1887 година, во северозападната мексиканска држава Тамаулипас, а починала во четвртокот во својот дом во Сапопан.

Пронајдете не на следниве мрежи: