Почина познатата македонска спикерка и пејачка

Со нејзиниот впечатлив глас се препознаваа вестите и информациите што над три децении се емитуваа пред сè на Македонското радио и првите кадри на телевизијата.Во Скопје на 85 години почина Љупка Апостолова, долгогодишна спикерка и интерпретаторка на забавна музика во МРТ.
Со нејзиниот впечатлив глас се препознаваа вестите и информациите што над три децении се емитуваа пред сè на Македонското радио и првите кадри на телевизијата.
Апостолова ѝ припаѓа на генерацијата на најдобрите и највпечатливи спикери, со препознатлива точност за пишаниот и говорен македонски збор. И самата обучуваше плејада на спикери и новинари, на кои им всади одговорност и чувство за мелодијата на македонскиот збор.

Љупка Апостолова е меѓу првите интерпретатори на македонските шлагери и евергрини, кои ги пееше во живо со оркестрите на РТВ и што се дел од ризницата на естрадата чии почетоци беа кон почетокот на шеесеттите.
Погребот на Апостолова ќе биде в сабота на градските гробишта во СкопјеВо Скопје на 85 години почина Љупка Апостолова, долгогодишна спикерка и интерпретаторка на забавна музика во МРТ.
Со нејзиниот впечатлив гл

Пронајдете не на следниве мрежи: