Почина познатиот Тони Сопрано

Актерот кој го глумеше познатиот Тони Сопрано од серијата „Сопранови“, Џејмс Гандолфини почина на 51-годишна возраст, соопшти американската кабелска телевизија Ејч-Би-Оу. 
Актерот починал во Рим додека бил на одмор, а најверојатно причина за неговата смрт е срцев удар. 
Гандолфини е роден на 18 септември 1961 година во градот Вествуд во американската сојузна држава Њу Џерси. По неколкуте помали улоги, светска слава стекна со ролјата на мафијашкиот бос Тони Сoпрано во серијата „Сопранови“, што се емитуваше на програмата на Ејч-Би-Оу од 1999 до 2007 година. За оваа улога Гандолфини доби „Златен глобус“ и три награди „Еми“.
Се до својата смрт Гандолфини беше дел од екипата на телевизиската серија „Криминална правда“.Актерот кој го глумеше познатиот Тони Сопрано од серијата „Сопранови“, Џејмс Гандолфини почина на 51-годиш

Пронајдете не на следниве мрежи: