Почина претседателот на Узбекистан

Претседателот на Узбекистан, Ислам Каримов починал, објавија тројца дипломатски извори, цитирани од Ројтерс.Sky News дополнува, повикувајќи се на мислења дека Каримов починал на 78-годишна возраст по мозочен удар. Тој бил во болница од саботата.
„Да, тој почина“, изјави еден од дипломатите, запрашан за состојбата на Каримов.
Информациите за смртта на Каримов се уште не е потврдена од страна на владата.
Гласините за неговата смрт се шират неколку дена.
Претходно од владата соопштија дека Каримов е во критична состојба. Во меѓувреме, локалните медиуми информираа дека властите во Самарканд испратиле државни службеници итно да ги чистат улиците на градот, што може да е поврзано со подготовка за погребот на претседателот Каримов.
Ислам Каримов управува со Узбекистан од 1989 година – прво како лидер на локалната комунистичка партија, а од 1991 година претседател на новата независна држава Узбекистан.Sky News дополнува, повикувајќи се на мислења дека Каримов починал на 78-годишна возраст по

Пронајдете не на следниве мрежи: