Почина Весна Вуловиќ, стјуардеса од времето на поранешна Југославија која преживеа пад на авион од висина од 10.000 метри и на која лично Пол Макартни ѝ врачи нагарада за Гинисов рекорд.Според српските медиуми, телото на Вуловиќ го пронашле пријатели во нејзиниот стан, а причината за смртта не била утврдена, но било очигледно дека е почината пред неколку дена.
Авионската несреќа во која учествуваше Вуловиќ се случила во 1972 година, над Чехословачка. Авионот од типот „ДЦ-9“ на авиокомпанијата на поранешна Југославија паднал поради експлозија на бомба над местото Српска Каменица во северна Чешка, близу границата со Источна Германија.
Весна Вуловиќ преживеала бидејќи била врзана за своето седиште во задниот дел на авионот кој по експлозијата, останал споен со тоалетите и паднал на планина покриена со снег. Тогаш 22-годишната стјуардеса при несреќата се здобила со фрактури на черепот и скршеници на двете нозе, а имала повреди и на пршлените.
Вуловиќ проодела по неколку месеци, по повеќе операции и продолжила да работи за ЈАТ, но не како стјуардеса, туку на шалтер.
Стјуардесата прими и награда за Гинисов рекорд од Пол Макартни, а подоцна стана херој во Југославија.Според српските медиуми, телото на Вуловиќ го пронашле пријатели во нејзиниот стан, а причината за смртта не била утврдена, но било очигледно дека