Шеесет и еден годишен старец откако си ја видел својата сметка за струја починал на лице место, пишуваат медиумите во Шри Ланка.
Поскапувањето на струјата во оваа земја е причина за смртта на овој старец од Шри Ланка.
„Тарифата на струјата ја зема првата жртва“, пишува весникот „Сејлон Денес“ наведувајќи дека човекот починал од инфаркт откако видел колкава е сумата на сметката за струја.
Човекот вчера отишол во „Сејлон електрисити“ да се жали поради превисоката сметка, каде му било објаснето дека тоа се должи на поскапувањето на електричната енергија од минатиот месец, по што тој имал инфаркт и починал во компанијата.
Не е познато колку должел старецот, а локалните медиуми пишуваат дека во сметката било пресметано поскапувањето од 50 проценти.
Шеесет и еден годишен старец откако си ја видел својата сметка за струја починал на лице место, пишуваат медиумите во