Починал од убод од нож зададен пред 55 години

Иако настапила дури 55 години по нападот, смртта на еден Њујорчанин квалификувана е како убиство.Овој случај кој навидум му пркоси на здравиот разум има свое кохерентно објаснување. Според пишувањето на Њујорк Тајмс, обдукцијата на 97-годишниот  Антони Чикарел покажала дека старецот починал од повреда нанесена со нож во далечната 1959 година.
Во извештајот на патологот се наведува дека компликациите на цревната оклузија биле „предизвикани од стомачна хернија како последица на длабока лапаротомија (засек на абдоменот) изведена при третирање на убодната рана“.
Се работи за повреда нанесена со ладно оружје од страна на друга личност, значи за убиство, стои во заклучокот на патологот.
Секоја година, полицијата во Њујорк бележи неколку вакви случаи, но случајот на Чикарело е посебен по тоа што ги руши сите досегашни временски  рекорди.
Откако било утврдено дека Чикарело бил убиен, детективите биле принудени да отворат истрага иако немале ниту еден доказ, ниту еден сведок, ни најмала трага.
Бидејќи не знаеле ниту во која болница жртвата  била однесена по ранувањето, полицијата се обидела да ги пронајде колегите на Чикарело од времето кога бил домар во зградата на 5-та Авенија.
„Проблемот е во тоа што повеќето починале. Сите овие години живеел без никакви проблеми и сега одеднаш убиство“, вели полицаецот кому му е доверена истрагата.
Што се однесува до убиецот, тешко е да се замисли дека е се уште жив. Ќерката на Чикарело е убедена дека тој повеќе не е жив. „Тој сигурно е веќе одамна мртов“.Овој случај кој навидум му пркоси на здравиот разум има свое кохерентно објаснување. Според пишувањето на Њујорк Тајмс, обдукцијата на 97-годишниот

Пронајдете не на следниве мрежи: