Тригодишното девојче од кинеската провинција Џангси, ја загуби битката со тумор на мозокот пред неколку дена, но воедно спаси животи на пет луѓе. Нејзиното срце сега чука во градите на некој друг човек, а покрај срцето, пресадени се бубрезите, црниот дроб и рожницата.На девојчето му бил дијагностициран малигнен тумор. Нејзиното семејство посети голем број лекари и болници, но сите рекле дека нејзината состојба е лоша и дека никако не можат да и помогнат.
На крај, таа била сместена во болница. Главата почнала да и отекува и на крај починала. Тогаш нејзините родители одлучиле дека е време да поразговараат за тоа дали треба да ги донираат нејзините органи.
– Мислев дека нема да може да разбере што значи „донирање на органи“. И реков дека можеме да спасиме нечиј живот ако дадеме нешто од нејзиното тело. Таа веднаш се сложи со идејата, низ солзи раскажал нејзиниот татко.
Девојчето починало во вторникот, а веднаш потоа се направени трансплантациите. Благодарејќи му на ова девојче, петмина луѓе сега водат нормален живот. Тие се стабилни и сите добро закрепнуваат.
На девојчето му бил дијагностициран малигнен тумор. Нејзиното семејство посети голем број лекари и болници, но сите рекле дека нејзината состојба е



