ПОЧИНАЛА НЕКОЛКУ ДЕНА ПО СВОЈОТ 17-ТИ РОДЕНДЕН: Отишла на операција бидејќи сакала да…

Оваа тинејџерка само сакала да изгледа како своите врснички. Имено, таа отишла на операција со која требало да и се поправи деформитетот на градите.Кеј Витеман посакувала да биде како своите врсници, да носи градник и тесни маици.
Откако и бил дијагностициран  pectus excavatum (отсуство на естетиката на градниот кош кој бил несиметричен и издеформиран) кога имала 15 години таа ја изгубила својата самодоверба.
Поради тоа, во ноември 2011 година Кеј се одлучила да направи операција. Но, компликациите и долгата операција резултирале со сериозно оштетување на мозокот.
Таа починала на интензивна нега во болницата во Лондон, само неколку дена по нејзиниот 17 роденден.
„Кејт влезе со насмевка во операционата сала. Беше среќна што ќе го направи тоа. Секогаш беше духовита, паметна имаше добро момче и многу пријатели. Но за жал немаше доволно самодоверба поради нејзините гради. “- вели нејзината мајка.
Кеј била оперирана во ноември 2011 година. Во почетокот постапката делувала успешно и по 7 дена била пуштена од болница.
Нејзините гради сеуште не изгледале еднакво, но шипката која била ставена во нив морала да остане таму 2 години. Докторите им ветиле дека нејзината состојба ќе се подобри.
Но неделите кои следеле биле пеколни за неа, тинејџерката трпела голема болка.

Не можела да лежи, не можела да спие, не можела да јаде бидејќи се разболела и не можела да оди во училиште. Со текот на времето ситуацијата била толку лоша што зажалила што отишла на операција.
Шест недели подоцна отишла во болницата на контрола. Докторите и рекле дека е во добра состојба и дека лузната добро зараснува.
Но, во март 2012 година таа започнала да искашлува крв. Откако била префрлена во болница, лекарите и дијагностицирале запалување на белите дробови.
Во мај 2012 година шест месеци по операцијата мајката ја однела ќерка си на шопинг да земат фустан кој Кеј ќе го облече на семејната венчавка. Таа била многу нервозна и не си се допаѓала во него.
За жал Кеј никогаш не го облекла тој фустан. Следното утро мајката ја затекнала Кеј во нејзината соба целата во крв борејќи се за воздух.
Веднаш ја однеле во болница а лекарите одлучиле да и ја извадат шипката поради компликации. Но, поради компликации и вантрешно крварење нејзиното срце престанало да чука. Кејт доживеала големо оштетување на мозокот и немало никакви шанси да се опорави.
Морале да ја исклучат од апаратите. Тоа било најужасната одлука која ја донеле нејзините родители.
Само поради тоа што сакаше да изгледа како своите врснични, мојата ќерка го изгуби животот. Колку е тоа само сурово!- вели мајката на Кејт. Кеј Витеман посакувала да биде како своите врсници, да носи градник и тесни маици.
Откако и бил дијагностициран  pectus excavatum (отс

Пронајдете не на следниве мрежи: