Почна изградбата на извиднички парк во Крива Паланка

Започнаа активностите за изградба на извиднички парк пред извиднички центар „Вавилон“ во Крива Паланка.Од извиднички одред „Наум Наумовски-Борче“, кои го имплементираат проектот во рамки на Годишната програма за работа, информираат дека ова е прва фаза од целокупната активност за создавање услови за сместувачки капацитети во центарот.
– Се работи на расчистување на дворната површина каде ќе се гради паркот за извидници. Во центарот, пак, ќе се направат сместувачки капацитети, конкретно за една извидничка патрола или шест лица. Финансии се обезбедени од наши буџетски средства, Сојуз на извидници на Македонија преку проектот „Гласници на мирот“ со кој се поставени и клупи во паркот и од општина Крива Паланка, а со материјални средства и механизација не поддржа јавното претпријатие „Комуналец“, информира Игор Ангеловски, старешина на ИО „Н.Н. Борче“.
Ова е прва од петте програмски активности предвидени за периодов со тематски наслов „Извидниците за Македонија“.
– Ќе се гради и извиднички музеј во кој ќе бидат изложени фотографии, артефакти и документи од формирањето на одредот во 1960 година, до денес. Планирано е запознавање на извидниците од Крива Паланка и регионот со историски белешки од далечното минато од основањето на гардот и со личности кои оставиле длабок печат во општинската историја, дополни Ангеловски.
Во месец мај ќе се реализира трилатерална средба на извидници во Хрватска и Србија, а кон крајот на летото ИО „Н.Н. Борче“ ќе организира тридневен Меѓународен еко-камп во кој ќе се вклучат одреди од Македонија, Србија и Бугарија. На кампот ќе се официјализира регионалната соработка на ниво на одреди меѓу Крива Паланак и Босилеград, Република Србија.Од извиднички одред „Наум Наумовски-Борче“, кои го имплементираат проектот во рамки на Годишната програма за работа, информираат дека о

Пронајдете не на следниве мрежи: