Скопјани по 44 години ќе добијат нов забавен парк, кој ќе се простира на околу 25.000 метри квадратни, на истата површина како постојниот Луна парк. Ќе бидат набавени и поставени вкупно 27 реквизити, од кои три адреналински реквизити, шест семејни и 18 детски реквизити. Во паркот ќе има разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и сличен вид на забавно-рекреативни содржини.Новиот забавен парк ќе се гради фазно, повеќе години и неговата изградба, набавката на реквизити и нивното монтирање ќе изнесува околу 400 милиони денари или околу 6,5 милиони евра.
Ова денеска го соопшти скопскиот градоначалникот Коце Трајановски, кој заедно со претседателот на Советот на Град Скопје Ирена Мишева и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Душан Авировиќ извршија увид во градежните работи на изградба на новиот забавен парк во Градскиот парк.
Новиот забавен парк ќе се гради во неколку фази. Во првата фаза ќе се работи на инфраструктура – водоводна, фекална, атмосферска канализација, партерно и хортикултурно уредување за што се издвоени околу 101 милион денари. Веќе е избрана градежна фирма.
– Распишан е тендер и избрани се добавувачи на седум реквизити кои ќе бидат набавени во првата фаза или оваа година. Рокот на нивното пристигнување е шест месеци од склучување договор и очекуваме да бидат донесени во јули/август. Добавувачот е должен да ја направи основата, да монтира и пробно да ги пушти реквизитите во употреба, со што целосно ќе биде негова одговорноста во функционирање на реквизитите, рече Трајановски.
Во првата фаза ќе се постават еден адреналински, два полуадреналински, еден воз на шини и три детски реквизити. За набавака на овие реквизити предвидени се 130 милиони денари.
За останатите реквизи, како што рече, предвидено е во развојната програма на Град Скопје по 100 или 120 милиони денари во 2018 и 2019 година.
Трајановски потенцира дека во рамки на новиот забавен парк ќе се изградат ресторани, театар, админстративни објекти, влезна и излезна партија на паркот.
Градоначалникот Трајановски појасни дека новиот забавен парк се прави со средства од буџетот на Град Скопје по неколку обиди за јавно-приватнопартнерство. Додека траат градежните работи Луна паркот нема да работи, а старите реквизити се во сопственост на Град Скопје и на ЈП „Паркови и зеленило“, кои веќе се складираат во ова претпријатие.
На новинарско прашање за дискотеките во паркот, Трајановски рече дека ќе работат и оваа година (сезона), а потоа ќе мора да се бара нова локација.Новиот забавен парк ќе се гради фазно, повеќе години и неговата изградба, набавката на реквизити и нивното монтирање ќе изнесува околу 400 милиони