По дефилето на фолклорните ансамбли од ЈУ Детски културен центар „Карпош“-Скопје до Градски парк, на платото кај споменикот на Гоце Делчев во Градски парк денеска (30.09.2016 година), директорката на ЈУ Детски културен центар „Карпош“, Ружа Ѓорѓеска го отвори традиционалниот Меѓународен детски фолклорен фестивал „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“ 2016.ЈУ Детски културен центар „Карпош“-Скопје во соработка со Град Скопје и Министерството за култура на Р.Македонија и годинава по дваесетипетти пат го организира и реализира најмасовниот Меѓународен детски фолклорен фестивал „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“ 2016, кој годинава ќе трае до 2 октомври, на кој ќе учествуваат детски фолклорни ансамбли од странство и од Македонија.
Фестивалот традиционално го отворија играорците од фолклорната група од ДКЦ, а потоа настапија сите странски и домашни ансамбли.
ДКЦ „Карпош“ ќе биде домаќин на фестивалот на кој ќе учествуваат детски фолклорни ансамбли од Русија, Украина, Србија, како и домашните ансамбли: Фолклорно студио „Блажевски“, КУД „Орце Николов“, КУД „Етнос“, КУД „Илинден“-Битола, ансамбл „Македонија“ и фолклорната група од ДКЦ.
Денеска на платото кај споменикот на Гоце Делчев во Градски парк се одржа свеченото отворање на фестивалот „Оро без граници“ 2016, а утре (сабота) во 18 часот на истото место ќе биде и затворањето на Фестивалот со настап на гостите и на домашните фолклорни ансамбли, а на 2 октомври (недела) за сите учесници на фестивалот ќе се реализира пикник во Лешок, Тетово.
За време на престојот во Скопје играорците организирано ќе го разгледат Скопје и ќе ги посетат позначајните историски споменици. ЈУ Детски културен центар „Карпош“-Скопје во соработка со Град Скопје и Министерството за култура на Р.Македонија и годинава по дваесет