Почна погребот на Нелсон Мандела

Државниот погреб на светската политичка икона и борец против апартхејдот Нелсон Мандела, кој почина на 5 декември на 96-годишна возраст, почна утрово во селото Куну, каде што тој го поминал детството и каде живееше по повлекувањето од политиката.Церемонијата почна со религиозни песни, на имотот на семејството Мандела, во присуство на 4.500 лица.
Меѓу присутните на погребот ќе бидат претседателите на Танзанија и Малави, премиерот на Етиопија, потпретседателите на Замбија, Иран и Никарагва, кралот на Лесото и британскиот престолонаследник, прицот Чарлс.
Погребот ќе биде мешавина од традиционални ритуали, христијански елелементи и оние кои го одликуваат погребот со државни почести.
Повеќето од околу седум милиоми припадници на племето Коса живеат на североистокот на државата во провинцијата Источен Кејп, а нивната култура го признава постоењето на душата на претците. Според традицијата наречена Тета, постариот член на семејството е должен да остане со телото на Мандела и да и објасни на душата на починатиот што се случува.
– Кога телото лежи таму, душата е се уште жива, рече пречесниот Весли Мабуза, претседавач на Комисијата за промоција и заштита на правата на културните, верските и лингвистичките заедници на Јужна Африка.
Според обичаите, телото на починатиот мора една ноќ да остане во семејната куќа пред погребот. Починатиот мора да биде замотан во специјална ткаенина, а за лицата од висок ранг како Мандела, кој е син на лидерот на кланот, телото или ковчегот мора да бидат замотани во кожа од леопард. Но поради тоа што Мандела исто така е поранешен државник, ќе биде и знамето на Јужна Африка.
Мандела ја предводеше мирната транзиција во Јужна Африка со префрлањето на власта од белото малцинство на црнечкото мнозинство во 90-те години на 20-от век, откако претходно во затвор помина 27 години.
Мандела беше еден од највлијателните светски државници, но по повлекувањето од претседателката функција им ја остави политичката работа на своите наследници, а по 2004 година се повлече од јавниот живот на земјата и мошне ретко се појавуваше во јавноста.
Нелсон Мандела е роден во 1918 година. Како студент по правово 1943 година му се приклучува на Африканскиот национален конгрес (АНЦ). Од тогаш со своите сопартијци ја почнува кампањата против апартхејдот и владеењето на белото малцинство во Јужна Африка. Во 1956 година е прв пат обвинет за предавство, но по четири години судење обвинувањето е повлечено. Во 1962 година е одново уапсен и и осуден на пет години затвор. Две години подоцна, обвинувањето е проширено и за саботажи, по што е осуден на доживотен затвор.
Во 1990 година Мандела беше ослободен, а неговиот АНК легализиран. Во 1993 година ја доби Нобеловата награда за мир, а следната година беше избран за првиот црнец претседател на Јужна Африка. На крајот на својот петгодишен мандат во 1999 година се повлече од функцијата и од политиката.
Во годините потоа, Мандела беше вистински амбасадор на новата јужноафриканска реалност, промовирајќи ја земјата низ светот. Тој учествуваше во кампањата против ХИВ/СИДА и за тоа Јужна Африка да биде домаќин на Светското првенство во фудбал во 2010 година. Како почитуван државник, Мандела се вклучуваше и во мировните процеси  во Конго и Бурунди, но и во другите делови од Африка и од светот.
Луѓето во расно измешаната Јужна Африка велат дека тој ќе остане запаметен како „татко на нацијата“, кој го урна системот на апартхејдот, изведе мирна транзиција, обединувајќи ги црните и белите жители и ја издигна земјата, која се наоѓаше на работ од граѓанска војна.Церемонијата почна со религиозни песни, на имотот на семејството Мандела, во присуство на 4.500 лица.
Меѓу присутните на погребот ќе бидат

Пронајдете не на следниве мрежи: