Пролетната сеидба почна десетина дена порано. Кои култури ќе бидат најмногу застапени ќе решат земјоделците, но експертите препорачуваат да се внимава какви сорти ќе одберат.Поради климатските промени, ги советува земјоделците дека е најдобро да користат нови хибридни сорти семе, кои се поотпорни на суши и на болести и кои даваат поголеми приноси.
Земјоделците располагаат со потребната механизација и репроматеријали и доколку временските услови дозволат се очекува сеидбата да заврши во оптималниот рок.
Фармерите имаат и можност во случај на суша или невреме да ги осигураат нивните посеви, и да побараат субвенција со која ќе покријат 60 проценти од трошоците од вредноста на полисата.
Со пролетната сеидба се опфатени скоро 74.000 хектари и тоа со жита, ориз, пченка индустриски, фуражни и градинарски култури, а со есенската беа насеани 130.000 хектари претежно со житни култури.Поради климатските промени, ги советува земјоделците дека е најдобро да користат нови хибридни сорти семе, кои се поотпорни на суши и на болести и