Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почна расправата по предложениот ребаланс на Буџетот за 2016 година.Потребата од носење на овој ребаланс се должи на промена на проекцијата за растот на БДП од првично предвидените 4 проценти на 2,3 проценти поради што е неопходно да се изврши корекција на проекциите на приходите и расходите.
На приходната страна има намалување на проекциите за околу два проценти или за 3 милијарди денари, додека на расходната страна има намалување за 804 милиони денари.
Предлогот пред членовите на Комисијата го образложи министерот за финансии Кирил Миноски, кој рече дека на приходната страна има намалување на проекциајта за 3 милијарди денари, додека на расходната за 804 милиони денари. Со ребалансот се зголемува и буџетскиот дефицит од проектираниот 3,2 проценти со буџетот на 3,6 проценти од БДП и ќе изнесува 2,1 милијарди денари.
– Предложениот ребаланс ќе обезбеди навремена исплата на законски остварените права без да се загрози фискалната одржливост на земјата, рече Миноски.
Предвидени се дополнителни средства за Фондот за пензиско и инвалидско за непречена исплата на пензии, за националниот гасоводоен систем, за изградба на автопатот Демир Капија-Смоквица, дополнителни средства во делот на социјални трансфери…
Миноски потенцира дека со овие измени се задржува одпределбата за ниско даночно оптоварување без промена на даночната политика и благ пораст на буџетскиот дефицит кој ќе се финансира од домашни и странски извори.
Потенцира дека државниот долг на крајот на март изнесува 3,5 милијарди евра, односно 36,8 проценти од БДП, а јавниот 3,4 милијарди евра што е 45 проценти од БДП. Тој додаде дека со тоа Македонија останува релативно ниско задолжена земја и оти само четири земји во ЕУ – Естонија, Луксембург, Латвија и Бугарија имаат понизок долг од Република Македонија.Потребата од носење на овој ребаланс се должи на промена на проекцијата за растот на БДП од првично предвидените 4 проценти на 2,3 проценти поради