Град Скопје, ги известува граѓаните на Скопје, дека од денеска почнаа да работат одбојкарските игралишта на песок при Градска плажа „Парк“ и „Камен мост“, и ракометно – фудбалското игралиште на песок, што функционира во рамки на Градската плажа „Парк“.Сите заинтересирани граѓани, рекреативци, ученици, студенти, спортски клубови и здруженија на граѓани можат бесплатно да спортуваат и да рекреираат на игралиштата покрај кејот на реката Вардар.
Спортските терени на плажите, ќе бидат отворени за спорт и рекреација, секој ден во термините од 10 до 24 часот.
Закажувањето на термини може да се врши на следниве телефони:
02/ 3297 – 238 и 02/ 3297 – 320, секој работен ден до 16:30 часот, или пак директно на игралиштата во истиот период. Терминот за бесплатно користење е со времетраење од 1 час.Сите заинтересирани граѓани, рекреативци, ученици, студенти, спортски клубови и здруженија на граѓани можат бесплатно да спортуваат и да рекреираат