Скопје, 04.12.2014 – Четвртиот Меѓународен фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ почнува денеска, 4ти декември, во Кинотека на Македонија со проекција на анимирани филмови за деца. Официјалното отворање на фестивалот ќе биде вечер, во 20 часот, со проекцијата на филмот „The Wait Of May“ (Чекајќи го мај) на бардот на италијанската анимација Симоне Маси.Официјалната програма во трите фестивалски денови, 4ти,5ти и 6ти декември, ќе почнува во 20 часот,а билетите ќе чинат 50 денари и ќе може да се набават на влезот на Кинотека на Македонија. Детската програма во четврток и во петок ќе ја следат деца организирани од основните училишта, додека проекцијата во сабота ќе почне во 12 часот, а влезот е слободен за сите заинтересирани.
Организаторите на фестивалот, порачуваат дека билетите треба да се чуваат и по крајот на проекциите затоа што истите претставуваат бесплатен влез за клубот Midnight за датумот назначен на картата.
Во трите фестивалски денови ќе бидат прикажани 52 филмови и тоа 44 за возрасни и осум анимации за деца. Поголем дел од нив се носители на престижни награди и победници на филмски фестивали од А категорија. И годинава ќе бидат доделени награди за кои ќе одлучува интернационално жири.
Оваа година мото на фестивалот е „Ако сите светат, ти блескај“. Се пријавија рекордни 326 анимации од 52 земји во светот. Селектор на програмата е Благоја Куновски Доре, а за победниците и добитниците на наградите Златна, Сребрена и Бронзена Тула ќе одлучува четиричлено интернационално жири: М-р Мими Ѓоргоска-Илиевска од Кинотека на Македонија, Андреј Рубетској од Русија – режисер, аниматор, сликар и сценарист, Дорис Бауер од Австрија – ко-директор на филмскиот фестивал за краток филм Еспресофилм и главен куратор на меѓународната програма за фикција и документаристика при VIS Vienna Independent Shorts и Диме Ратајкоски – главен и одговорен уредник на МРТ и автор на повеќе од 50 документарни емисии,филмови и репортажи.
За Златната тула за најдобар филм за деца ќе гласаат дечињата во текот на трите фестивалски денови.
Оваа година на „Анимакс Скопје Фест“ ќе се одржат три работилници. Гостинката од Австрија, Дорис Бауер, ќе одржи работилница на 5ти декември, петок, во Кинотека на Македонија со почеток во 12 часот, на која ќе говори на тема „Филмските фестивали – поттик и потреба“.
Во сабота, 6ти декември, гостинот од Русија, Андреј Рубетској, ќе одржи работилница за деца на возраст од 8 до 13 години, под наслов „Трикови на анимирање“. Работилницата ќе се одржи во 13 часот во Кинотека на Македонија. Сите заинтересирани можат да пратат лични податоци на мејловите [email protected] и [email protected]. Бројот на учесници е ограничен.
Исто така во сабота, ќе се одржи и работилница во соработка со Европската филмска академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк Универзитетот за Аудиовизуелни Уметности – ЕСРА на која ќе бидат доделени стипендии од по 3.000 евра. Рокот за пијавување за работилницата е до 4ти декември, а условите за пријавување се објавени на следниот линк: https://www.facebook.com/events/1523320987920396/
„Анимакс Скопје Фест“ е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со здружението на граѓани Креативен центар Тинтири-Минтири од Скопје, со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија и Град Скопје, а во соработка со Кинотека на Македонија.
Повеќе информации за фестивалот се објавени на веб страната www.animaxskopjefest.mk и на Facebook https://www.facebook.com/animaxskopjefest1
Официјалната програма во трите фестивалски денови, 4ти,5ти и 6ти декември, ќе почнува во 20 часот,а билетите ќе чинат 50 денари и ќе може да се наб