Почнува Фестивалот на Креативни Индустрии – „Скопје Креатива 2015“

Вчеравечер на Спортско рекреативниот центар „Плаја Виста“ со презентација на 10 изложби почна четвртото издание на Фестивалот на Креативни Индустрии – „Скопје Креатива“ кој ќе трае до 20 септември 2015 година.„Скопје Креатива“ е проект под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈУ Конгресен Центар„ Александар Македонски“ – Скопје и претставува уникатен настан кој влијае позитивно врз развој на културната сцена и на едно место ги обединува креативниот сектор во земјава и регионот, како и бизнис заедницата.
Под мотото „Скопје – мојот град!“ во четирите фестивалски денови ќе се одржат презентации, предавања, работилници, панел дискусии, форуми и дебати.
Посетителите ќе имаат можност да учествуваат на настани поврзани со филмски и видеоперформанси, додека во вечерните часови ќе може да уживаат во специјално одбраната музика идеално дозирана за сечиј вкус.

Годинешново издание на „Скопје Креатива“ на посетителите им нуди 60 настани, и тие ќе има можност да биде дел од работилници на македонските креативци аско Џуровски, Марија Ветероска, маркетинг агенцијата Сивус, Меккен, Пакомат, оригиналниот проект за интервенции во јавен простор „Облици и форми“ од Полска, еден од најголемите дизајн таленти Јан Бајтлик, како и регионалните лидери во дизајнот и маркетингот како Борут Вилд, Марко Миладиновиќ и Драган Варагиќ.
Работилнците и презентациите ќе бидат надополнети со 11 изложби, како престижната колекција на њујоршката Школа за визуални уметности која се состои од дела на Стефан Загмајстер, Милтон Глејзер, Мирко Илиќ, изложбата на логоа од Костадин Танчев Динка, Институтот за мода на Изет Цури, изложбата на инстаграм фотографии за Скопје. На фестивалот ќе се претстават и проектот „Недела на архитектурата – Тирана“, „Паквити“ од Белград, македонските проекти „Творница“, „Доминуим“, „New Vintage“, полската школа за анимација и ОХО продукцијата.
Дополнително Скопје креатива 2015 ќе понуди посебен концепт на Поп-ап стор, презентација на портфолиа со меѓународно жири,a музичката програма ќе биде предводена од одличните ПМЏ колектив, Канда Коџа и Небојша, DJ Зоки Бејбе.
Фестивалот за креативни индустрии Скопје Креатива 2015 нуди иновативен концепт на културната сцена со различен пристап во размената на искуство.
Оваа година новост на Фестивалот е големата изложба којашто ќе се организира на затворањето и на неа ќе бидат изложени сите производи креирани во текот на фестивалските денови.
Град Скопје годинава од својот Буџет издвои 3.000.000 денари за реализација на Фестивалот „Скопје Креатива“.
Овој фестивал останува доследен на претходните изданија и ќе биде од отворен карактер.„Скопје Креатива“ е проект под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈУ Конгресен Центар„ Александар Македонски&ldq

Пронајдете не на следниве мрежи: