По 30.000 денари како авансно обештетување ќе добие секое од семејствата кои беа погодени од невремето кое на 6-ти овој месец го зафати Скопје и околината. Премиерот Емил Димитриев денес информираше дека согласно донесената одлука на вчерашната владина седница, обештетувањето ќе започне да се исплаќа уште денес.Тој додаде дека на седницата е одлучено да се зголеми вкупниот износ наменет за авансно обештетување, од 1,5 милиони на 2,5 милиони денари.
Димитриев информираше дека од околу 4.000 извештаи од Комисиите за проценка на штетите, досега обработени се податоците за 1.950 семејства. На овие семејства денес ќе им биде извршена исплатата од авансното обештетување.
Очекувањата се дека до вторник на сите семејства ќе им биде исплатено авансното обештетување.
Тој додаде дека на седницата е одлучено да се зголеми вкупниот износ наменет за авансно обештетување, од 1,5 милиони на 2,5 милиони денари.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.