Почнува исплатата на откупеното грозје

Лозарите почнаа да ги добиваат парите за откупеното грозје. Исплатата почна иако крајниот рок до кога винарите треба да ја исплатат првата рата за откупеното грозје во изминатата сезона е 15 декември. – Наближува терминот до кој, според законот, винарите мора да ја исплатат првата рата. Се надеваме дека ќе ги испочитуваат законските одредби и ќе го платат навреме родот произведен со мака и пот. Веќе се почнати активностите во лозовите насади за следната производствена сезона, па неопходни ни се финансиски средства, изјави вчера претседателот на Регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија” Љупчо Аризанов.
Според него, за да ја извршат навреме резидбата, лозарите од Тиквешијата го почнаа кроењето на виновите лози.
– Оние што имаат големи плантажи не можат да го чекаат 14 февруари и верскиот празник „Свети Трифун” кога традиционално, на симболичен начин, стартува закројувањето на лозјата зашто, во тој случај, нема да стигнат навреме да ја извршат резидбата, рече Аризанов.
На лозовите плантажи во Македонија годинава беа собрани околу 180 милиони килограми винско грозје. Дел од нив се пласираа во странство, а дел во домашните преработувачки капацитети.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски неодамна објави добра вест. Ќе има 3 милиони евра дополнителни субвенции за лозарите.
-Веднаш по формирањето на нова Влада ќе издаде ново субвенции за лозарите и тоа за оние кои што имаат до 0,5 хектари додатно ќе добијат 20.000 денари, од 0,5 до 1 хектар дополнителни 15.000 денари, а за оние од 1-5 хектари дополнителни 10.000 денари, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на неодамнешниот митинг во Кавадарци.
Оваа одлука, појасни тој, е како резултат на потешкотиите со кои се соочуваат лозарите.
-Со овие дополнителни 3 милини евра или 180 милиони денари и заедно со претходните кои се основна субвенција за лозарите ќе бидат достапни вкупно 460 милиони денари субвенции за оваа намена, рече Груевски.– Наближува терминот до кој, според законот, винарите мора да ја исплатат првата рата. Се надеваме дека ќе ги испочитуваат законските одредби

Пронајдете не на следниве мрежи: