Според Роковникот за извршување на изборни дејствија, денеска почнува изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 5 јуни. Изборната кампања ќе трае до 3 јуни во 24:00 часот.Изборнатата кампања, како што стои во Роковникот, предвидува јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесниците на изборите, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми.
Државната изборна комисија, за учество на изборите на 5 јуни ја потврди само кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери. Кандидатски листи поднесе и Народното движење за Македонија (НДМ), но поради констатирани неправилности ДИК донесе одлука да ги отфрли. Исто така, ДИК ги отфрли и кандидатските листи на Социјалдемократската партија на Македонија (СДПМ), по барање на партијата.Изборнатата кампања, како што стои во Роковникот, предвидува јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесниците на изборите,