Вечерва (5.12.2014) со почеток од 20:00 часот во просториите на Младинскиот културен центар, почнува Меѓународниот студентски конкурс за плакат Скопје постер фестивал.Годинашната програма ќе одговори на прашањето зошто Скопје постер фестивал успеа да се наметне ако едно од најзнајачните случувања во Македонија и регионот и како некогашниот студетски конкурс прерасна во препознатлив и квалитетен фестивал.
Организаторите- Здружението на графички дизајнери ПЛАКАРТ, Младинскиот културен центар, поддржани од Министерството за култура на Република Македонија, се сигурни дека и овој пат ќе ги задоволат вкусовите на креативната фела.
Во рамки на годинашното издание кое се оддржува под мотото “Дизајн за мир“ ќе имате можност да погледнете идејни решнија на графички дизајнери кои на исклучителен начин ја искористиле својата креативност,но и да дознаете нешто повеќе за “Состојбата на дизајнот на Балканот и негово интегрирање во едукативните процеси“ во рамки на истоимената прва регионална дизајн конференција одржана во земјава.
На конференцијата која е закажана за 6.12.2014 (сабота) со почеток од 11:30 во просториите на Младинскиот културен центар сите заинтересирани ќе имаат можност да ги слушнат размислувањата на едни од најдобрите во својата област. Скопје постер со гордост ви ги најавува Ива Бабаја – претседател на светската дизајн асоцијација icograda и Давор Брукета –еден од најуспешните дизајнери во Југоисточна Европа, со 400
награди како признание за неговите генијални креативни проекти, Борут Вилд, еден од најинспиративните балкански дизајнери со над 100 меѓународни проекти, иницијатор на бројни успешни регионални дизајн збиднувања. Ги покануваме сите заинтересирани кои сакаат да земат учество да се регистрираат на https://www.eventbrite.com/e/14657726655
Годинашното издание на фестивалот ќе трае од 5.12.2014 до 20.12.2014.Годинашната програма ќе одговори на прашањето зошто Скопје постер фестивал успеа да се наметне ако едно од најзнајачните случувања во Македонија и