ПОЧНУВА ВИСТИНСКИ ХАОС во Грција: „Полиците во продавниците се празни, во џеб имам само 5 евра“

Животот без банка и банкнота тешко им падна на Грците, кои денес се соочија со глетка од сосема празни полици во продавниците. Подеднакво празни се и џебовите на граѓаните, кои се надеваат на чудо.„И понатаму се надевам дека сето ова е само лош сон од кој наскоро ќе се пробудам“, вели жителка на Атина, Евгенија Г. (50).
Таа денес на пат до работа ги здогледала своите сограѓани како стојат во километарски редици пред банките иако на нивната врата е ставен катанец.
– Имам 5 евра во џеб. Мислев да си ја пробам среќата на еден од банкоматите, но дознав дека е веќе испразнет – вели Јанис Калаизакис (58).
Оние кои на време успеале да ги подигнат парите од банкоматите, се соочуваат со други проблеми – во продавниците не остана уште многу што да се купи.
Должни се уште од Аристотел: Еве од каде изреката „Должен си како Грција“
Во страв од пораст на цените, граѓаните ги испразнија полиците и си направија залихи од храна. Вистински хаос владее и на бензинските станици, каде луѓето освен резервоарите полнат и  цели канти со гориво.
Според ограничувањето секој може да купи гориво во вредност од најмногу 20 евра, а Грците на Твитер јавуваат дека моментално има само дизел. „И понатаму се надевам дека сето ова е само лош сон од кој наскоро ќе се пробудам“, вели жителка на Атина, Евгенија Г. (50).
Та

Пронајдете не на следниве мрежи: