„Почнуваме од Балканот. Ќе тече крв“: ИСИС најавува нови напади!

Радикалните исламисти од порталот Вијести уммета, кој пушта вести на босански јазик, најавија одмазднички походи во знак на одмазда за нападите на целите на терористичката организација Исламска држава и ветија уште повеќе жртви ширум Европа преку која „ќе тече крв и ќе се вее знамето на нивната организација“, а заканите ги упатија и кон БиХ.„Знајте дека наскоро ќе дојдеме кај вас, а веќе сме тука меѓу вас. Наскоро ќе тече крв низ улиците на цела Европа, ин ша Алах. Наскоро ќе се вее знамето на тевхид ширум цела Европа“, се наведува во заканите објавени на овој портал.
Тој портал, кој во саботата напиша дека терористичкиот напад во Париз е благословена вест, во заканата изразува жалење што во Париз немало повеќе жртви.
Пишува дека одмаздата на Исламската држава е реакција на „нападите врз Калифатот“ во кои голем број муслимански цивили (најмногу жени и деца) ги загубиле животите“, како и „на затворањето на границите и насилството во туѓата куќа поради што веста за масакрот што се случи во главниот град на проституцијата Париз, многу ги израдувала и излечила градите на верниците ширум светот“.
„Каде ви се сега авионите и вашата технологија, камерите и следењето, вашата војска со која се гордеете? Знајте дека сето тоа паѓа во вода кога се борите против Оној кој е над вас и против Оној кој го создаде тоа што го поседувате. Знајте дека ви нема помош и спас, освен да го прифатите Исламот. Во спротивно, за вас е само сабја под вратот и куршум во чело како лек“, стои во соопштението.
Коментирајќи ги осудите и најавите на агенциите за безбедност во БиХ дека ќе се процесуираат објавите на Вијести уммета, авторите на текстот порачале дека следбениците на Исламската држава не можеле да ги запрат француските или американските служби, а камоли властите на БиХ на кои им беше најавена крвава одмазда.
„Знајте дека наскоро ќе дојдеме кај вас, а веќе сме тука меѓу вас. Наскоро ќе тече крв низ улиците на цела Европа, ин ша Алах. Наскоро ќе се

Пронајдете не на следниве мрежи: