Друштвото на писатели на Македонија и младинската организација „Почувствувај ја Македонија“ со гордост го покануваат секој вљубеник во македонската литература напеттиот настан од поетскиот караван при проектот „Почувствувај ја Македонија со шестото сетило – срцето“.По Дебар, Охрид, Прилеп и Штип, одиме во НОВАЦИ!
Дата: 14. Септември
Место: манастир „Св. Ѓорѓи“ – с. Паралово
Време: 12 ч.
На овој настан, со својата поезија ќе не удостојат:
– Елизабета Јончиќ
– Живко Новески
– Весна Мундишевска
– Радован П. Цветковски
– Андрија Дојчиновски
– Гордана Михаилова Бошнакоска
– Кире Неделковски
– Мирјана Стојановска
– Панде Манојлов
– Билјана Т. Димко
– Зоран Пејкоски
– Никола Илијовски и
– Милица Димитриовска Радевска.
Програма на овој настан ќе биде збогатена со:
– проф. др. Лидија Стојановиќ Лафазановска со кратко предавање на тема „Св. Ѓорѓија и борбата со ламјата“
– Проф. Вера Стојчевска Антиќ со осврт на животот и делото на Ѓорѓи Сугаре
– Маестро Мите Грозданов со изведба на монодрама
– Хуманистот Живко Поповски – Цветин со своите прекрасни цветни пораки за мир
– Апсолвентот Менде Мацанковски на факултетот по музичка уметност со изведба на „Ave Maria“
– Неповторливата, 16 годишна, Ангела Јончиќ со изведба на рецитал од великанот Петре М. Андреевски
– Музичкото дуо Signature составено од од Нина Милановиќ – виолина и Трајанчо Стојановски – гитара
– Уметнички изложби
Настанот ќе биде модериран од Сузана Апостолова и овековечен од нашиот официјален фотограф Силвија Стојановска.
Хуманитарната мисија на караванот продолжува и на овој настан и повторно собраните средства од книгите да се подарат на НОРА (Невладина Организација за Ревматизам и Артритис).
И за овој настан, формиравме анонимна жири комисија, која ќе ни го одреди петтиот добитник на наградата „Витез на Македонскиот пишан збор“
За сите оние кои сакаат да присуствуваат имаме и организирана програма, во износ од 550денари по личност, која опфаќа:
– Превоз ( Скопје – с. Паралово, Новаци – Скопје )
– Посета на храмот св. Ѓорѓи – село Паралово
– Можност за посета на гробот на Ѓорѓи Сугаре
– Поетско читање со еминентни писатели
– Закуска со традиционална храна
– Неописливо чувство
– Неповторливо дружење.
Пријавување и дополнителни информации на телефонскиoт броj 078 854 057 или на електронската адреса [email protected]
* Цената од 550 денари по личност, за организаната програма се однесува само и исклучиво на луѓето кои што доаѓаат од Скопје, поради покривање на патните трошоци!По Дебар, Охрид, Прилеп и Штип, одиме во НОВАЦИ!
Дата: &n