Кога Ребека Левис открила дека нејзиниот свршеник планира да ја остави поради блондинка која ја запознал на Интернет, нејзиниот сет се срушил. Таа ги пронашла пораките на неговиот лап-топ кои докажувале дека флертува со жена која ја запознам неколку седмици откако се свршиле.Кристен Вајт , мистериозната жена му испратила понуда за пријателство на свршеникот на Ребека, Пол Рушер на Фејсбук, а после тоа се слушале и по 10 пати дневно. Ребека ги читала пораките кои тие двајца си ги разменувале и сфатила дека Пол, иако никогаш не ја сретнал се заљубил во Кристен и дека планира иднина со неа.
Кога Ребека на својот свршеник му кажала дека ги прочитала пораките, тој ја прекинал врската со неа. Таа се спакувала и го напуштила нивниот заеднички дом.
„Романтична измама“. Наместо да продолжи понатаму со својот живот, Ребека станала сомничава, па изнајмила детектив. Набргу дознала дека Пол е жртва на „романтична измама“. Измамниците користеле фотографии од руска манекенка, за од наивните луѓе да земат илјада фунти.
Наместо да го пушти Пол да ја плати својата грешка, таа интервенирала и го запрела пред да уплати 2000 фунти (околу 2500 евра) на својата девојка, која му барала пари за авионска карта за да му се придружи во Велика Британија.
После се, Ребека и Пол се повторно заедно.
– Се сомневав дека Пол ме изневерува но никогаш не помислив дека ќе ме остави поради жена која никогаш не ја сретнал. Моето срце беше скршено кога ги видов пораките кои и ги пишуваше на Кристен. Тоа беше шамар, особено бидејќи почнаа да разговараат недолго откако ме запроси Пол….
– Се посомневав дека ме изневерува бидејќи преку ноќ престана да обрнува внимание на мене. Јас и му направив Фејсбук профил, па му ја знаев лозинката. Бев шокирана кога ги видов пораките.
МУ ПРОСТИЛА. Инаку Кристен се претставувала како богата наследничка и му ветувала на Пол дека заедно ќе одат на далечни патувања. Меѓутоа наводно моментално немала пари, па од него барала за да ја плати авионската карта.
Една година после раскинувањето, Ребека одлучила да му прости на Пол. Нејзините родители биле шокирани бидејќи знаеле низ што се поминала.
– Сега повторно штедиме за нашата венчавка, а делиме и ист профил на Фејсбук.Кристен Вајт , мистериозната жена му испратила понуда за пријателство на свршеникот на Ребека, Пол Рушер на Фејсбук, а после тоа се слушале и по 10



