Почвата во поплавените скопски подрачја може да се обработува

Здружението за земјоделска техника информира дека може да почне обработката на почвата во поплавените подрачја во околината на Скопје, со препорака да се почне со плитко орање.На вчерашниот состанок на Здружението е заклучено дека се создадени услови за влегување на механизацијата во земјоделските површини, почнување со обработка и подготовка за новата реколта 2016-2017 година.
Здружението за земјоделска техника препорачува дека може да се почне со плитко орање на површина на длабочина најмногу до 15 сантиметри со што ораничниот слој подобро ќе се исуши, ќе дојде до мешање на почвените слоеви со наносот на земја, како и забрзување на ферментација на органските материи во ораничниот слој. На овој начин, појаснуваат, ораничниот слој ќе добие подобра структура, а со обработката ќе се подобри водно-воздушниот режим, како и грубо порамнување на одредени парцели на кои е настаната ерозија. Бидејќи временските услови се погодни следователно после два-три дена може да се изврши и длабоко орање на онаа длабочина за што е наменета земјоделската површина, дали за житарица, градинарски или индустриски култури, со основна или дополнителна обработка со што ќе се создадат нормални услови за да биде оспособена за земјоделско производство, соопшти денеска Здружението за земјоделска техника.
Поплавените подрачја, според Здружението, во натамошниот период почесто треба да ги посетуваат стручни лица од Агенцијата за земјоделство кои на терен би им дале стручни совети и помош на земјоделците, бидејќи, укажуваат, секоја парцела сега претставува засебен случај се додека не се нормализира за земјоделско производство.На вчерашниот состанок на Здружението е заклучено дека се создадени услови за влегување на механизацијата во земјоделските површини, почнување

Пронајдете не на следниве мрежи: